26.04.202007:30 ч.
с. Ума

Здружение Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ Гевгелија го организира 27ми Традиционален Планинарски Марш Перо Илиевски 2020 - с.Ума кој ке се одржи на ден 26.04.2020год. (Недела) на планината Кожуф , меморијалот е дел од календарот на активности на ФПСМ за 2020г.

ПРОГРАМА

Поаѓање од пред спортската сала ДТВ Партизан - Гевгелија во 7-30 часот.

Со автобуси се оди до село Конско,потоа пеш до Планинарски Дом Томе Шутов-Кротки каде што организаторот Здружение Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ Гевгелија има обезбедено чај за секој учесник,од планинарскиот дом се продолжува со пешачење кон село Ума,попатно освежување со локум и друго.

Пристигнување во село Ума во 12 часот, полаѓање цвеќе на спомен плочата во 13 часот и доделување на благодарници на планинарските друштва и поединци,а потоа заеднички ручек за сите учесници (планинарско гравче) обезбедено од организаторот на маршот.

Патеката е со вкупна должина од 12,5км.

Секој учесник е должен да си носи ПРИБОР ЗА ЈАДЕЊЕ.

Поаѓање од село Ума во 15-30 часот кон местото Лековита вода каде ке чекат автобусите,поаѓање на автобусите од Лековита вода кон Гевгелија во 17 часот.

Превоз од Гевгелија до село Конско и од Лековита вода до Гевгелија е 50 денари за ученици и 100денари за возрасни (учесниците кој доаѓат од другите градови должни се со сопствен превоз да дојда до с.Конско,или навремено да се најават на организаторот за да бидат вклучени во организираниот превоз.

Сите планинарски друштва/клубови од државата кои планираат да учествуват на маршот должни се да го најават своето учество најкасно до 23.04.2020год.(Четврток). со ЗАДОЛЖИТЕЛНО доставување на список со учесници до организаторот ЗПСК КОЖУФ Гевгелија. (списокот ке им биде доставен накнадно на сите Планинарски Клубови кои ке се пријават за учество ).

ОПРЕМА:

-Соодветни чевли

-Ранец

-Мантил за дожд

- Резерва облека

Лица за контакт :

Карајкова Љубица 072-249-089

Караманова Александра 078-749-939

(секретарка на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија)

или на фацебоок кај Претседателот на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија

https://www.facebook.com/risto.karkalasev