ПОКАНА:

По деветнаесетти пат Планинарскиот клуб ЕНТУЗИЈАСТ - Струмица ќе ја организира меѓународната традиционална планинарска средба БАЛКАН БЕЗ ГРАНИЦИ на планината БЕЛАСИЦА, врвот ТУМБА - 1.881 мнв.

Средбата ќе биде на ден 25.8.2019 г. (недела), на тромеѓето (Македонија, Бугарија, Грција) на планината БЕЛАСИЦА, на врвот ТУМБА (1.881 мнв.), каде ќе бидат присутни планинари-љубители на природата од Македонија, Бугарија и Грција. Ве покануваме да присуствувате на настанот.

ПРОГРАМА:

Сабота, 24.8.2019 г.

  1. Тргнување од с. Смоларе во 10:00 ч. кон планинарскиот дом 'Шарена чешма' (1.276 мнв).
  2. Посета на Смоларскиот водопад, најголем во Македонија.
  3. Пристигнување на 'Шарена чешма' (1.276 мнв) во 13-14 ч.
  4. Ручек од 14 до 15 ч. обезбеден од организаторот.
  5. Прошетка од 16 до 20 ч. - искачување до Ѕвезден Врв (1.877 мнв.).
  6. Планинарски оган и забава. Спиење во шатори (секој да си понесе) и во Планинарскиот дом 'Шарена чешма'.

Недела 25.9.2019 г.

  1. Тргнување во 6:00 ч. од планинарскиот дом 'Шарена чешма' - пристигнување во 09:00 ч. на врвот ТУМБА (Тромеѓе - Македонија, Бугарија, Грција).
  2. Средба БАЛКАН БЕЗ ГРАНИЦИ од 9:00 ч. до 12:00 ч.
  3. Тргнување во 12:00 ч. од ТУМБА кон П.Д. 'Шарена чешма'.
  4. Ручек од 15:00 ч. до 16:00 ч. обезбеден од организаторот.
  5. Тргнување од 'Шарена чешма' во 16:00 ч. и пристигнување во с. Смолари во 18 00 ч.

Секој учесник доаѓа на сопствена одговорност и лично одговара за сопствената психо-физичка кондиција. Секој учесник може да си купи маица по цена од 150 ден.
Секој учесник задолжително да си понесе прибор за јадење и шатор за спиење. Превозот на шатори и ранци до П.Д. 'Шарена чешма' е обезбедено од организаторот.
Сите информации можете да ги добиете кај следниве лица.

070 535 688 Васко
070 200 848 Коле

П.К. ЕНТУЗИЈАСТ СТРУМИЦА

Преостанато време до настанот
fb-event.png

Повеќе настани