Планинарскиот клуб „Македон“ за оваа година организира искачување на највисокиот врв во Европа - Елбрус 5642 мнв во периодот од 29 април до 6 мај 2019. Бројот на места е ограничен на шест, а цената изнесува 1000 евра по лице во која е вклучено:

  • Авионски превоз од Скопје до Мин.Води и локален превоз во Русија
  • 6 ноќи во хотел на база ноќевање со појадок
  • 2 ноќевања во планинарски дом на 3700м
  • 2 пати користење на жичара од Азау до Мир 3500м
  • Туристички ваучер/виза за престој во Русија
  • Организација и водство на акцијата (1 водич = 3 учесници)

Во прилог е програмата за Елбрус:

1 ден – Поаѓање од Скопје со авион за Мин.Води, потоа со локален превоз до Терскол.

2 ден – Пристигнување во Терскол рано наутро, сместување во хотел. Ден за прошетка и одмор.

3 ден - Искачување со жичара до 3500м и потоа пеш до 4500м. Враќање во Терскол.

4 ден - Искачување до 3700м и сместување во планинарски дом. Ноќевање.

5 ден - Аклиматизациско искачување до 5000м и враќање во дом. Ноќевање.

6 ден - Искачување на врв Елбрус 5642м и враќање во Терскол.

7 ден - Резервен ден

8 ден - Враќање со локален превоз за Мин.Води и авионски за Скопје.

Краен рок за пријавување за оваа акција е 1 март 2019 или до пополнување на местата со уплата од 50% од вкупната сума. Водичи на акцијата се Александар Кирковски и Дејан Тодевски. За повеќе информации на мејлот Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на броевите 078 401 702 (Дејан) и 070 390 540 (Алек).

За искачување на врвот Елбрус 5642м потребна е одлична психофизичка подготовка и планинарско искуство во летни и зимски услови. Се работи за класична рута и при искачувањето нема минување на карпест и технички терен, но истото трае долго и условите на планината се сурови со ниски температури на голема надморска височина.

Организаторот има право по проверка на пријавените кандидати доколку смета дека некои од нив не ги исполнуваат условите за учество истите да ги одбие. Организаторот обезбедува планинарски водичи со соодветно искуство (најмалку 1 водич на 3 учесници) истите се со подготовка од барем еден степен над наведеното искачување и претходно искуство на Елбрус и слични врвови. Секој учесник е должен во целост да ги почитува инструкциите на планинарските водичи, а притоа одговара за сопствената психофизичка состојба. Акцијата ќе се реализира доколку во наведениот рок се пријават најмалку 5 учесници.

Преостанато време до настанот