Организатор: Планинарски клуб “Македон“ - Скопје
Број на места: 4
Цена: 850 евра
Датум: 03-12.07.2019

Искачувањето на класичната италијанска рута до врвот Мон Блан преку домот Гонела претставува сосема поинакво планинарско искуство и пристап до врвот избегнувајќи ги големите гужви и ограничувања на француската страна. Патеката на движење минува преку глечери и снежен гребен, следејќи една природна линија на искачување. Наоколу можат да се видат огромните стени и стрмен релјеф каде се наоѓаат некои од најатрактивните алпинистички насоки на масивот Мон Блан. Ова искачување нуди прекрасни пејсажи и претставува незаборавно искуство. Водич на акцијата е Александар Кирковски кој досега има шест успешни искачувања на врвот Мон Блан, комбинирано и од француска и од италијанска страна, како и значајно искуство на Алпите воопшто. Во програмата влегува и искачување и на врвот Гран Парадизо, еден од поинтересните на овој простор. Акцијата е предвидено да се реализира во мала група составена до максимум 4 учесници, а со тоа да се запази безбедноста и ефикасноста на искачувањата. 

Програма:
1. Скопје – Италија.
2. Пристигнување во Понт. Искачување до пл.дом В.Емануеле 2730м. Ноќевање.
3. Аклиматизационо искачување на врв Гран Парадисо 4061 мнв. Ноќевање во долината во хостел/бунгалови.
4. Трансфер до Aosta, Courmayer. Сместување во хостел и средување на опремата.
5. Искачување до домот Gonella 3072 m. Ноќевање во домот.
6. Искачување на врвот Mont Blanc 4810 m и спуштање назад до пл.дом. Ноќевање по потреба или слегување во долината.
7. Симнување во долината Вал Вени. Посета на Шамони.
8. - 9. Резервни денови
10. Враќање назад во Македонија.


Во цената е вклучено:
- Превоз
- Ноќевање со појадок во пл.дом V.Emanuele.
- 3/4/5 ноќевања во Aosta, Courmayer, Val Veny.
- 1/2 ноќевања со појадок во планинарски дом Gonella.
- Планинарско осигурување за ваков тип на искачувања
- Организација и водство на акцијата.


Пријавување:
- Рок за пријавување: до 01.06.2019 година, со пополнување пријава и уплата на 50% од сумата.

Инфо на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или 070390540 (Алек)


Водич на акцијата: Александар Кирковски


*Искачувањето на врвот Мон Блан бара одлична психофизичка подготовка и планинарско искуство. Секој учесник е должен да посети спортска медицина во период од 3 месеци пред изведувањето на акцијата. Секој учесник во акцијата доаѓа на сопствена одговорност и одговара за сопствената психофизичка состојба. Акцијата ќе се реализира доколку во предвидениот рок се пријават најмалку 3 учесници.

Преостанато време до настанот