ДЕДОМРАЗОВСКА ТРКА СКОПЈЕ 2019

#Инфо за трката
Опис: Новогодишна трка во дедомразовски костуми
Датум: 22 декември 2019
Локација: Плоштад Македонија, Скопје
Време на стартот: 12 часот
Должина: ±2 км
Прогласување победници: веднаш по завршувањето на трката

Линк до страната за трката: https://prvdovrv.mk/dedomrazovska

#Пријавување
Цената за учество изнесува 300 денари со вклучен дедомразовски костум за првите 200 пријавени учесници.

Линк за пријавување: https://prvdovrv.mk/dedomrazovska#app

Трчањето во дедомразовски костум е задолжително за сите учесници во трката.

Сите учесници се потенцијални добитници во лотаријата со подароци, а секое дете до 10 години добива новогодишно пакетче доколку се пријави до 18 декември 2019 год.

#Програма
10 - 12 ч. Издавање на стартни броеви и костуми
12 - 13 ч. Фитнес загревање и трка
13 - 14 ч. Прогласување на победниците и лотарија

#Патека за трчање
Плоштад Македонија - Порта Македонија - Парк Жена Борец - Холидеј Ин - МНР - Камен Мост - Плоштад Македонија

#Правила за учество
Во трката може да учествува секој без ограничување според возраст, а секое дете мора да биде придружувано од родител или старател.

Секој учесник мора да биде облечен во дедомразовски костум.

Секој учествува на сопствена одговорност според личната физичка подготвеност за натпревар во трчање.

Организаторот го задржува правото да направи одредени измени во програмата и термините на настанот предизвикани од објективни фактори.
Преостанато време до настанот
fb-event.png

Повеќе настани