На 15 септември 2019 година во Битола ќе се одржи првата градска трка на 5 и 10км

09:00 старт на 10к трка
09:15 старт на 5к трка

Локација: ПЛОШТАД МАГНОЛИЈА - Битола

Патека: во фаза на изработка, наскоро ја објавуваме

Организатор:
Здружение на луѓе кои имаат желба за трчање ТРЧАЈ БЕ Битола

"Трчај бе" не е атлетски клуб.
Нам не ни се најважни тие кои први ќе ја поминат целта, иако им се восхитуваме и им ракоплескаме и затоа ќе ја организираме првата градска трка во трчање. Секој голем напор и секое поминување низ целта се победа за сите нас. Нашата цел е да создадеме што повеќе задоволни Трчај бе вљубеници и да им помогнеме да ги поминат своите први и најбрзи километри.

Ние сме тркачите на Битола и со Трчај бе создаваме нова спортска приказна за градот.

Трчај бе има моќ да го промени животот на битолчани. Трчај бе ќе ве натера да почувствувате што значи да се придвижите и физички и духовно.
Блескава промена е да истрчаш една трка и низ целта да поминеш со подигнати раце.
Ние тоа ќе Ви го овозможиме, за да почувствувате колку трчањето може да Ви го промени животот на подобро.

Чест ни е да бидете Трчај бе тим со нас.

Линк за пријавување:
https://smartrace.club/

Стартен пакет 10км:
Стартен број со чип
Техничка (dry-fit) маичка
Станици за освежување на патеката и на целта
Здравствено обезбедување на патеката и на целта
pic2go персонални фотографии
on-line програма
on-line резулати
on-line диплома
медал - за завршување на трката на 10км
Награди:
Награди се предвидени за најдобрите 3 во трката на 10.000м во машка и женска конкуренција:

1. место 300 евра
2. место 200 евра
3. место 100 евра

Дополнително ќе бидат соопштени и ваучери кои победниците во двете трки ќе ги добијат од спонзорите.

Стартен пакет 5км:
Стартен број со чип
маичка
Станици за освежување на патеката и на целта
Здравствено обезбедување на патеката и на целта
pic2go персонални фотографии
on-line програма
on-line резулати
on-line диплома
За најдобрите во трката од 5км, дополнително ќе бидат соопштени ваучерите кои како подарок ќе ги добијат победниците од спонзорите.

Котизација
до 31.05.2019 23:59:59 - Трка на 5км: 250 денари / Трка на 10км: 400 денари
до 31.07.2019 23:59:59 - Трка на 5км: 350 денари / Трка на 10км: 500 денари
до 08.09.2019 23:59:59 - Трка на 5км: 450 денари / Трка на 10км: 600 денари

Напомена: Регистрацијата се затвора на 08.09.2019 23:59:59.

СОБЕРИ ЕКИПА, ПРИЈАВИ ТИМ ЗА ТРЧАЈ БЕ
За учесниците во трката на 5км предвидено е и тимско рангирање на најуспешните.
Доколку сакате тимски да трчате на Трчај бе, постои можност да се пријавите како:

- екипа-ученици и наставници од училишта
- студенти и професори од универзитети
- отворена категорија на друштво кое сака заедно да трча по одредено име
- вработени во фирми, комапнии, агенции, државни институции, дипломатски претставништва

Секоја од овие групи може да пријави повеќе од еден тим, можат да бидат поделени по пол, возраст или мешовити.
Ако сакате вашата екипа да се најде на ранг листата во трката на 5 км, тогаш вашиот тим треба да брои најмалку 4 натпреварувачи-ки.
Максималниот број на натпреварувачи-ки во екипата не е ограничен, пример ако сте пријавиле 8 натпреварувачи-ки во рангирањето за твојата екипа ќе се земат времињата само на најдобрите 4 натпреварувачи-ки.

Рангирањето на трката ќе се изврши во две категории (мажи/жени).

При пополнување на онлајн пријавата за секој учесник во полето “Клуб/Team Building“ напишете го името на вашата екипа (обврзно на латиница, заради софтверот кој се користи при пријавување) или одберете од веќе понудените екипи (проверете можеби некој од вашиот тим веќе го додал името на тимот).

ВАЖНО! Името на екипата мора да биде истото за секој член бидејќи системот нема да може да препознае дека сте од иста екипа. На пример, ако вашето име на екипата е Trcaj Be тогаш треба за сите членови од екипата при пријавување да го одберете името Trcaj Be.

Правила за учество
Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).

Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба.
Забрането е да се користат ролери-скејтбоарди, велосипеди и други средства за превоз.
Организаторот има право на денот на трката да го одбие учеството на тим или тркач кој носи маица со пораки кои поттикнуваат национална, верска или друга нетрпеливост.

Напомена: Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит.

Право на учество во трката на 10км имаат лица кои на денот на трката се постари од 16 години.

Откажување од учество и непредвидени околности: Учесникот може да се откаже од трката и нема обврска за тоа да го извести организаторот. Во случај на откажување на учесникот или неможност да учествува во трката заради непредвидени околности, организаторот нема обврска да го вртаи уплатениот износ.

Важно: Цената на учесничкиот пакет зависи од датата на уплата (но, не од датата на пријавување). Пријавата станува важечка после евидентираната уплата на учесничкиот пакет.

Промена на трката не е возможна.

Напомена: Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок, доколку бројката на планирани учесници биде пополнета.
Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.

Преостанато време до настанот
fb-event.png

Повеќе настани