Петто јубилејно издание на најголемиот outdoor настан во регионот на АЗОТ и пошироко на територија на Македонија, 5-та година во организација здружението за планински велосипедизам ВЕЛЕС БАЈКИНГ и нивните пријатели и поддржувачи.

Ако во 2014 година сте немале купено точак, 2015 не сте знаеле каде е Богомила, 2016 сте немале друштво, 2017 сте биле на Халкидики, 2018 сте слушнале дека ова е најдоброто нешто за планински велосипедизам, тогаш оваа 2019 година НЕ СМЕЕТЕ ДА ПРОПУШТИТЕ!!!

Оние пак, кои секоја година се со нас во Богомила знаат дека и оваа 2019 ќе биде забавно и нема да пропуштат прилика да бидат и по 5-ти пат...

Богомила и регионот АЗОТ ве очекува со сета своја природна убавина. Единствена прилика да го вдишете духот на Богомилите, да се сликате на Римскиот мост во Богомила, да возите низ преубавите села Папрадиште, Нежилово, Црешнево.. да пиете чај на трева пред планинарскиот дом во Чеплес, да вкусите каша од домашен вргањ во Бистрица, неколку водопади долж патеката, поглед од милион долари кон Солунска глава...

Планинарење, планинско трчање, документарни филмови, едукација и програма за млади и деца и многу други изненадувања, оваа 2019 година ве очекуваме заедно да ги извозиме прекрасните патеки под падините на Солунска Глава...

Сместување во компактен камп за шатори, WC, free WI-FI, паркинг за 200 возила, Хотел и ресроан на самото место, планинарски дом со извонредни услуги, жители со пријатна насмевка и многу други поволности кои ги нуди Богомила и регионот.

Рок концертот на отворено не е задолжителен - тоа треба само да се доживее и да се биде на лице место.

Наскоро комплетна програма со сите детали!!!

Преостанато време до настанот
fb-event.png

Повеќе настани