02.08.202008:00 ч.
Охрид

Илинденски велосипедски тури кои во еден ден ги обединуваат Охридското Езеро, Преспанското Езеро и Галичица.

Должина на турите:

1. Тура од 150 км покрај Охридското Езеро, Преспанското Езеро и преку Галичица со вкупно искачување од 2.500 метри

2. Тура од 90 км околу Охридското Езеро со вкупно искачување од околу 1000 метри

Во турите може да учествува секој кој се чувствува подготвен да извози со велосипед во еден ден 90 или 150 км, кој располага со исправен велосипед и кој ќе ги почитува советите и инструкциите од страна на водичите на групата. Возењето е по асфалт и изобилува со нагорнини па се препорачува учесниците да бидат во добра физичка подготвеност и со активно возење велосипед во текот на сезоната.

За минувањето на границите е потребно да се носи лична карта или пасош.

Возењето за цело време на турата е во група и е задолжително да се почитува распоредот на паузите кои се неопходни заради должината на турата како и заради високите температури во летниот период.

Секој ја вози турата на сопствена одговорност.

Учеството во турите е бесплатно.