На планината Дешат постојат неколку глацијални езера на висина од 1400 до 1800 метри. Повеќето од нив се полнат со вода од топењето на снеговите и мразот, а дел од сопствени подземни извори. Најголем дел од езерата истекуваат во мали потоци кои се влеваат во реката Радика.

Листа на глацијални езера на Дешат

Езеро Површина Длабочина Нм. висина Слика Повеќе
Локув 4000 m2 2.26 m 1566 м.
Северно Гашово Езеро 631 m2 2.2 m 1770 м.
Јужно Гашово Езеро 423 m2 2.85 m 1770 м.
Самево Езеро 390 m2 1.85 m 1453 м.