13,5 km²
40.016 жители
340 m
2000
+389 (0)32

Во срцето на Источна Македонија близу долината на реката Брегалница, заспива еден од најстарите градови - Штип. Заземајќи површина од 13.5 км2 и надморска височина од 300 метри, Штип е поделен на повеќе маала, меѓу кои Леваците и Деснаците. Овие маала се нарекуваат така поради нивната ситуираност на левата и десната страна од горниот тек на реката Отиња.

Старото име на градот Штип е Астибо, кое за прв пат го споменува античкиот хроничар Полиен во 3 век п.н.е. Се претпоставува дека Астибо се простирал на просторот на денешниот стар дел од градот, на источните падини на ридот Исар како и локациите Стар Конак, Тузлија и Горно Маало.

Мапа

Истражете го Скопје преку оваа интерактивна мапа

Други градови

Дознајте повеќе и за останатите градови низ Македонија