485,59 km²
35.311 жители
256 m
2400
+389 (0)34

Најголемиот културен град во југоисточниот дел на Македонија - Струмица, со своите 35.311 жители е сместен веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Грција од југ и Бугарија од исток.

До овој голем тгвоски и политички центар од Скопје може да се пристигне од две страни: преку Штип или преку Валандово. Од недопрената природа го опкружуваат и красат неколку убавици и тоа планината Беласица, Огражден и Еленица.

Она по што веројатно на сите им е препознатлива Струмица е добро познатиот струмички карневал со својата вековна традиција под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери. Уникатна манифестација на нашите простори, посветена специјално на армасаните (верените) девојки. Периодот и датумот на одржување се менува во зависност од големиот верски празник Велигден и обично тоа е денот вторник, веднаш после чист понеделник.

Мапа

Истражете ја Струмица преку оваа интерактивна мапа

Други градови

Дознајте повеќе и за останатите градови низ Македонија