Потребни состојки:
  • 2,5 кг мали кромидчиња
  • 1 кг јунешка кртина
  • 2 главици лук
  • 1/2 чаша вински оцет
  • 1/2 чаша вода
  • масло за готвење
  • сол, црн бибер и црвен пипер
Начин на подготовка:
Месото се сече на парчиња. Се чистат кромидот и лукот. Наредете ги во тава за печење по следниот редослед: ред кромид и лук, ред месо. Лукот треба да има тенка кора за да не се стопи. Се посипува со црвен пипер, црн бибер и сол. Додадете го винскиот оцет, водата и маслото за готвење. Тавчето се покрива и се пече 2-3 часа на 200 степени.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете црвено вино од Тиквешијата.

Наздравје.