Потребни состојки:
  • Модри патлиџани – печени, толчени
  • Ореви – толчени
  • Сенф и мајонез
Начин на подготовка:
Во сад за салата ставете ги претходно испечените и истолчени модри патлиџани и ореви и додајте ги сенфот и мајонезот. Посолете по желба и добро измешајте ја смесата. Послужете на чинија со листови зелена салата и црвени домати исецкани на кругови и тазе крцкаво лепчe.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно црвено вино од Тиквешијата.

Добар апетит.