Потребни состојки:
  • 400 гр грав
  • кромид
  • масло
  • сол
  • црн бибер
  • сушен зеленук
  • буковец
  • нане
Начин на подготовка:
Го миеме гравот и го ставаме да се вари на тивок оган во сад со ладна вода.
Кромидот го чистиме, миеме и сецкаме на ситни парчиња. Откако водата во која се вари гравот ќе добие жолта боја ја фрламе, го миеме гравот и додаваме нова загреана вода. Го додаваме и кромидот во водата и продолжуваме со варење на гравчето. Кога ќе биде сварено ја правиме запршката (масло, 1 лажица брашно, 1 лажица црвен пипер). На крај го ставаме во рерна да се потпече околу 15 минути на температура од 200 степени.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете црвено вино од Тиквешијата.

Наздравје.