Потребни состојки:
  • 500 гр свинско месо
  • 500 гр телешко месо
  • 2 пиперки
  • 2 главици кромид
  • 1 главичка лук
  • 1 црн патлиџан
  • 1 тиквичка
  • 200 гр бамја
  • 2 поголеми компира
  • 2 домати (или 300 гр доматен сос)
  • 250 мл црно вино
  • 200 мл вода
  • зачини сол, бибер, ловоров лист, магдонос, црвена пипер
  • 3 моркови
Начин на подготовка:
Најпрво месото малку подварува околу половина час во посолена вода. Во тенџере, на масло, се запржува подвареното месо и се трга на страна. Во истото масло се става да се пржи кромидот, исечен на покрупни парчиња. Се додава прво лукот во цели чешниња, потоа морковот исечен на покрупни парчиња заедно се пропржува. Потоа постепено се додаваат пиперките, па компирите, црните патлиџани, тиквичката и на крајот бамјата. Се прелива целата смеса со сосот од домати (или со исечкани домати), потоа се ставаат виното и водата. Се зачинува и се додава црвена пипер. Потоа се преместува во земјен сад со капак.
Се пече во загреана рерна 2 до 2 и пол часа. Прво се пече на 200 степени додека не проврие, потоа се намалува на 170 степени.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете црвено вино од Тиквешијата.

Наздравје.