Потребни состојки
За тесто
За тесто
- 1кг. брашно
- пола коцка квасец (20гр)
- 100 грама кисела вода
- 100 грама зејтин
- 1 лажичка сол
- 5 страка праз
- 200 грама зејтин
- малку сол
- малку зачин
- малку црн пипер
Начин на подготовка:
Прво го подготвуваме тестото. Квасецот го ставаме во топла вода, го размешуваме убаво, го истураме во брашно, ставаме зејтин, сол, малку оцет и го замесуваме тестото. Тестото го ставаме настрана да отстои малку. Празот го сечеме ситно и го пржиме со зејтин. Тестото го делиме на 7 дела. Првата кора ја сукаме поголема, тепсијата ја премачкуваме со зејтин, ја ставаме првата кора. Краевите ги оставаме надвор од тепсија. Кората ја попрскуваме со зејтин и со кисела вода. Другите кори ги сукаме, попрскуваме со кисела вода и со зејтин и ги виткаме. Ги редиме на првата кора. Исто постапуваме и со останатите кори. Во средина оставаме место за празот и го истураме празот. Со првата кора ги покриваме сите кори и ги виткаме убаво. Ставаме во рерна да се пече.
Наздравје.