Веливар
2373 м.
1

На непрекинатиот венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман нанижани се едни од најубавите планини во Западна Македонија, Крчин и Дешат.

Горе високо, во нивните прегратки мирно заспиваат највисоките врвови Голем Крчин и Веливар, кои претставуваат вистински предизвик за многу екстремни планинари и аплпинисти. Најубавиот момент за оние кои го искачуваат Кораб е местото од каде останувате без здив гледајќи токму кон овие чудесни планини. Оддалечени се околу 120 километри од Скопје, во близина на селата Ростуше и Битуше.

На прекрасниот Крчин расте ендемски македонски каранфил кој исклучиво може да се најде само на оваа планина. А, додека пак, на Дешат почиваат неколку мали леднички езера, меѓу кои најпопуларно е Локув. Ова езеро се вбројува во најниските леднички езера во Македонија, а сместено е во североисточниот дел на планината на надморска височина од 1.560 метри.

За искачување на врвот Голем Крчин се тргнува од село Битуше по широка патека, а потоа патеката води низ шумски предели. Во правец на сртот се наидува на карпест појас со ширина од неколку десетини метри, за чие заобиколување е потребно доста време. Понатаму откако ќе ја заминете шумата теренот е тревнат и се оди по него во правец југозапад. Откако ќе пристигнете до седлото, преку еден помал врв се искачува Голем Крчин.

Од врвот за да продолжите кон Веливар се оди во правец на север по срт, после 40-тина минути пешачење се наидува на патека од десната страна на сртот која што оди во правец на Веливар. Од тука се продолжува по сртот и иако веќе нема обележана патека после 20-тина минути се стигнува до местото наречено Св. Недела (2050 мнв) - остатоци од некогашна црква. Од тука почнува искачувањето на Веливар, по кратко време ќе забележите и патека. Од остатоците од црквичето до највисоката точка на Дешат потребни се околу 40 минути.

Инфо+

Корисни информации за планинарите

Позначајни врвови на Дешат

Веливар 2373 м. - Голем Крчин 2341 м. - Рудина 2238 м. - Црвена Плоча 2107 м.

Почетни точки за искачување на Веливар

За искачување на Веливар почетна точка е од селото Жировница кое е во самото подножје на планината Дешат.

Глацијални езера

На Дешат постојат неколку глацијални езера на висина од 1400 до 1800 метри. Повеќето од нив се полнат со вода од топењето на снеговите и мразот, а дел од сопствени подземни извори. Најголем дел од езерата истекуваат во мали потоци кои се влеваат во реката Радика.

Планини

Останати планини во Македонија