Титов Врв
2747 м.
4

Величествената убавица, опеана во многу народни песни, проткаена со многу легенди и преданија, Шар Планина предизвикува голем почит и восхит со своите единствени величини за секоја душа.

Сместена во северозападниот дел на републиката, на границите со Косово и Албанија воедно претставува еден од најголемите и најубавите планински масиви во Македонија. Започнувајќи токму со реката Лепенец, односно со врвот Љуботен (2.499 м) и завршувајќи со врвот Морава (2.147 м) со изворот на реката Вардар, Вруток.

Поради надморската висина таму горе во прегратките на Шара владее планинска клима. Тоа би значело дека зимите се доста студени, а летата пријатни. Идеална за оние кои сакаат да побегнат од скопските горештини и пеколните лета во малку ладовинка бидејќи просечната температура во летните периоди достигнува до 17 степени. Дебелата снежна покривка на надморска височина над 1.300 м во зима знае да се задржи дури и повеќе од четири месеци. Врвовите се вистински извор на бела ладовина па дури и само ако гледате во нив.

Посебна карактеристика на Шар Планина преставуваат Шарпланинските очи, односно бројните глацијални езера содзавани низ вековите на планинскиот масив.

Највисок врв на Шара е Титов врв (2.747 м) кој е сместен токму во внатрешноста на планината, а околку него се наоѓаат уште два врва со помала висина Мал Турчин (2.702 м) и Бакардан (2.700 м). До врвот се стигнува преку Тетово и Попова Шапка по асфалтен пат. Од Попова Шапка или Јелак има неколку патеки за искачување на врвот. Најкратка и најтешка е онаа преку која директно се искачува на Церипашина.

Уште многу, многу врвови се скриени таму некаде високо на Шара. Не размилслувајте повеќе, облечете ја вашата спортска опрема, понесете си фотоапарат кој е задолжителен и уживајте во истражувањето на најубавата планина во Македонија. Задоволството е загарантирано.

Инфо+

Корисни информации за планинарите

Позначајни врвови на Шар Планиниа

Титов Врв 2748 м. - Мал Турчин 2702 м. - Бакардан 2704 м. - Бориславец 2602 м. - Кобилица 2528 м. - Син Врв 2520 м. - Љуботен 2499 м.

Почетни точки за искачување на Титов Врв

За искачување на Титов врв постојат две патеки кои почнуваат од Попова Шапка. Вакуфската патека или летната патека е од среден карактер, со благи искачувања до пред самиот врв. Време на совладување околу 3:30 - 4 часа.
Зимската патека е од тежок карактер, уште од самиот старт се искачува ски-патеката Церипашина до врвот Антени 2520 мнв, и потоа продолжува по целиот гребен до Бакардан спушта кон седлото под Титов врв. Време на совладување 4-5 часа.

Глацијални езера

На Шар Планина постојат околу 27 глацијални езера. Покрај овие езера има уште мал број кои се безимени и се непостојани, во летниот период пресушуваат.

Планинарски домови

Планини

Останати планини во Македонија