Често ви се случува да патувате негде, доживувате неверојатни авантури, освен со вашите пријатели, сакате да ги споделите и со останатиот свет, Ви нудиме парче простор каде може да ги искажете вашите патеписи кои ќе бидат објавени и споделени со голем број читатели.
Пишувањето Ви претставува истотака големо задоволство како и патувањето, испратете ни ја вашата приказна, а ние ќе ја објавиме.
Или можеби имате интересна аутдор вест или настан кој сакате да го споделите, слободно може да го направите тоа.
Неколку правила:
- праќајте само авторски материјали (не објавени на други портали)
- Ве молиме текстовите пишувајте ги во Word, да бидат зачувани во .doc или .docx датотека
- доколку имате фотографии кои сакате да бидат вметнати во текстот ќе ни ги испратите (не поголеми од 2MB)
- фотографиите спакувајте ги во .zip или .rar датотека
- доколку постојат ограничувања од вашиот mail сервис околу големината на датотеките кои ги праќате, може да ги прикачите на сервисите за споделување како wetransfer, dropbox, google drive и сл. и да го вметнете линкот во пораката од каде би ги симнале
- стилот на пишување е по ваш избор (подолу следат неколку примери доколку немате идеја)
- ограничување за обем на текст нема, но и да не е предолг
- име и презиме од авторот на текстот
Примери за пишување
Текстовите и фотографиите испратете ги на author@tourguide.mk.